Сакате пониски сметки - ова е тајната

Применувајте ги овие 12 работи и ќе го видите резултатот на вашите сметки.
1.Греалка-греалките и калориферите треба да се избегнуваат за догревање на просторијата затоа што значително ги зголемуваат сметките за струја. Најисплатливо е да се користи термо печки или мермерни плочи.
2.Изолација- потребата за догревање на просторијата значително се намалува ако се вгради изолација на прозорците. Ниту радијаторите не би требало да бидат прикриени со тешки завеси.
3.Фрижидер- фрижидерот мора да се чисти редовно за да не фати мраз, а термостатот мора да се подеси на температура од 3 до 5 степени.
4.Машина за перење алишта- Новите детергенти за перење се ефикасни и на температура од 40 до 60 степени, па со тоа се поголеми и заштедите на електрична енергија.
5.Пегла- не е добро да се пеглаат алиштата во неколку наврати туку само одеднаш и тоа комплетно суви алишта. При секое уклучување пегла дополнително се троши струја за загревање на пеглата.
6.Туширање- препорачливо е туширање наместо бањање во полна када, на тој начин се троши два пати помалку и струја и вода.
7.Компјутер- компјутерот и мониторот треба да се стават во мирување кога не се користат, истите заедно трошат повеќе од 1.000 киловат часа.
8.Машина за садови- да се вклучува навечер кога е евтина струјата. Машината да се користи само кога е целосно наполнета.
9.Бојлер-најдобро е да се полни навечер, а многу ефикасен начин е да се вградат апарати кои автоматски го вклучуват бојлерот кога ќе стигне сигнал за ниска тарифа и автоматски се исклучува кога ќе стигне сигнал за скапа тарифа.
10. Шпорет- при готвење секогаш да се става капак на тенџерето затоа што така храната се приготвува најбрзо.
11. Сијалици- гасете сијалици кога ја напуштате просторијата, и добро би било обичните да ги замените со штедливи.
12. Клима уред- Климата троши три пати помалку струја отколку греалките, но под услов да се многу ниски надворешните температури. Клима би требало да се користи на температура и до 5 до 15 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









