Наташа тврди дека го победила ракот само со сокови

 

Наташа Гриндил (37) од Ливерпул тврди дека го победила ракот со свеж сок кој гои правела во соковник. 

Оваа мајка на две деца, лекарите  во јули 2014 година и соопштиле дека има рак во стомакот и дека и останале само две недели живот. Наташа била очајна но веднаш нездравата храна ја заменила со сокови кои сама ги правела, а и покрај тоа одела на хемотерапии.

За неколку недели нејзиниот рак се смалувал, а та тврди дека тоа  е поради сокови. Меѓутоа, експертите предупредуваат дека нема докази 

- Бев целосно уништена кога докторите ми рекоа дека ми остана уште две недели живот. Се се случи многу брзо и тие со камера ми покажаа како ракот ми се прошири на лимфните чворови, на врат и по целиот мој абдомен. Тоа беше многу мрачен период за мене и јас и мојот сопруг почнавме да бараме алтернативни терапии, изјавила Наташа за Дејли Мејл.

Таа открила дека се храни здраво, па напишала и рецепти кои планира да ги објави во книга. 

- Читањето за алтернативната терапија и анализирајќи нова здрава храна стана моја опсесија. Кога го тргнав месото и алкохолот, шест месеци подоцна ми беше подобро. Забележав дека секој пат кога ќе внесам нешто ново во мојата диета -гледам позитивна проемна во моето здравје. 

 

 

 

 

 
 
09.02.2016 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега