ФОТО: Најпопуларниот статус на Фејсбук овие денови - ги воодушеви сите
Кога Тони Емс се вратил дома од работа ја затекнал својата сопруга Шарлот и синот како спијат.
“Понекогаш на оваа жена не и ги давам заслугите кои ги заслужува. Кога ќе дојдам дома од работа таа секогаш е уморна, а јас сум тој кој работел цел ден. Меѓутоа, во последно време размислував што прави оваа неверојатна жена кога не сум дома. Сигурно се одмара, седи со бебето и гледа телевизија, зар не?”, почнува тој.

“Одговорот е НЕ. Кога јас ќе заминам на работа, таа станува и се подготвува за стресниот ден кој ја чека. Бебето плаче бидејќи е гладно, но и таа е. Таа не јаде, бебето јаде. Таа си игра со него, ги менува неговите пелени, па потоа повторно си играат. А кога тоа ќе заспие, таа има време да се одмори, но наместо тоа таа ги мие садовите. Кога бебето ќе се разбуди, мајка му се уште не ни појадувала, но таа не јаде, туку му подготвува ручек на бебето, а после ручекот тоа повторно бара да си играаат. Запамтете, мајката уште нема појадувано, а иако подготвила се, играчките се расфрлани на подот. Во тоа време доаѓам од работа и се нервирам дека мајката не ја средила скроз собата, туку спие. Но, всушност, таа цел ден работела и се грижела за нашето дете кое е среќно и здраво. Ако било кој татко се чувствува као што се чувствував јас, само нека помисли на тоа што се прават мајките. Почитувајте ја мајката на вашето дете. Таа е посебна, таа се откажала од се за да го одгледува вашето заедничко бебе. Навистина ги сакам овие две ‘поспани’ бебиња и тие заслужуваат одмор”, напиша таткото покрај фотографијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









