Што заслужуваат девојките да добијат за денот на заљубените

Ви значел овој празник или не, на вашата врска нема да и штети ако ја зачините со некои од овие изненадувања...
ЕВОЦИРАЈТЕ СПОМЕНИ ОД ПРВИОТ СОСТАНОК
Денот на заљубените е идеален да се потсетите на првиот состанок и да правите исти работи како прв пат кога сте излегле со својата партнерка, кои и ја распалиле романсата меѓу вас. Нарачајте иста храна, ист пијалок и зборете за тоа како сте се чувствувале на првиот состанок.
ЗАБРЗАЈТЕ ЈА РАБОТАТА НА СРЦЕТО
Овој ден поминете го правејќи нешто возбудливо како одење на лизгалиште или во забавен парк. Уживајте во активното дружење, кое ќе предизвика испуштање ендорфинот, што ќе ве остави крајно нежно и заљубено расположение.
ОДЕТЕ НА МАСАЖА
Било да уплатите масажа само на својата поубава половина или се одлучите заедно да уживате во вакво опуштање, ќе се припремите за возбудлива и секси вечер.
ЛИВЧИЊА ОД РУЖА
Внимателно подготвување за секси вечер може да направи многу за нејзиното либидо. Нека се изненади од ливчињата од ружа кои од креветот водат до кујната, каде ве чека шише вино и свежо припремен оброк. Ова е ден кога не треба да бидете патетично романтични, па изненадете ја и со кутија чоколатца, срциња и плишана играчка.
ИЗНАЈМЕТЕ СОБА
Помалку опкружување автоматски ќе ви го подобри расположението. Изнајмете соба во хотел и уживајте заедно. Не ви е доволно примамливо? Имајте на ум дека никој нема а мора пере садови после вечерата.
ИЗЛЕЖУВАЈТЕ СЕ
Некогаш е најдобро овој ден а го поминете не правејќи ништо. Немате потреба посебно да се припремате за овој ден. Едноставно поминете го цел заедно. Исклучете ги телефоните, не отварајте врата и уживајте еден со друг.
ДОТЕРАЈТЕ СЕ
Резервирајте во некој фенси ресторан и облечете се елегантно. Уште подобро, една вечер порано кажете и како треба да се облече, затоа што сте резервирале маса во ресторан.
ПОДГОТВЕТЕ И ВЕЧЕРА
Спремете и го омиленото јадење, запалете свеќа, купете вино и ружи. Поклонете и масажа и кажете и да не се поместува од кревет, зошто ова нејзина ноќ и нека опушти потполно.
ДОЛЕН ВЕШ
Изненадете ја со романтичен и секси долен веш, кој ќе го облече специјално за оваа пригода. Доколку сакате да заобиколите чипка и да бидете малку поромантични, нека гаќичките од сликата ви послужат како пример.

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








