Станија: Луѓето на Кристијан ме навредуваа и малтретираа
Станија Добројевиќ откри дека не и се исплатело баш дружењето со Кристијан Голубовиќ во Фарма.

Како што кажува, неговите луѓе ја вреѓале, малтретирале и ја притискале да им даде пари од наградата која ја освоила во реалното шоу. Меѓутоа, она додаде дека ќе му даде дел од парите на Кристијан.
- Ние и понатака сме пријатели, ќе си го одржам зборот, а на неговите пријатели во оваа прилика им порачувам да ме остават на мира. Очекувам да ги смири Кристијан сега кога е на слобода, вели Станија
Кога ова го слушна Кристијан, веднаш изјави дека е спремен да тргне од Краљево за Белгра, за да расчисти се со старлетата. Покрај тоа, тој додава дека сите во Србија сакаат што побрзо да го видат позади решетки.
- Нема да пропадне заради мене државата и нема нигде да побегнам. Не сум јас Пабло Ескобар. Само да го прославам на ќерка ми роденденот и тоа е тоа.
На прашањето дали се поигрува со судството, вели дека само користи правни лекови.
- Секогаш можеш кога ќе те осудат на затворска казна, да поднесеш жалба, да предадеш документација дека си болен или дека фолираш, но тука се вештаците кои тоа ќе го откријат и ќе те одбијат. Ја само ги користам правните лекови за да бидам на слобода и да поминам време со фамилијата, а не да одам по дискотеки и да бркам девојки или да им пукам на луѓето во нога, објаснува Кристијан.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








