ДАЛИ СИ ПРАВАТА: Хороскопот открива која жена е идеална за секој хороскопски знак
Астрологијата открива што мажот бара од жената и дали сте права за него.

Овен
На него му е важно да не мора да прави преголеми компромиси. Значи, потребна му е жена која ќе се прилагоди на него и на која тој секогаш ќе и биде на прво место. Тој потвра за својата машкост гледа во тоа дека е за неа секогаш најубав, најзгоден, најпаметен и дека е прв во се. Попрво би одбрал девојка со помало искуство, која имала помал број партнери. Потребна му е жена која во секој момент ќе има доволно разбирање за неговиот темперамент и покрај која тој ќе може да биде глава во куќата. Овените најмногу сакаат слабички девојки, црвенокоси или плавуши со плави и зелени очи.
Бик
Него од големо значење му е избраничката да биде добра во кревет, но и во кујна. Можно е сепак кујната да е пресудна. Потребна му е жена покрај која ќе има мир, покрај која ќе може да ужива и да се опушти. Не сакаат девојки кои премногу зборуваат или креваат тензија околу ситници. Тој ќе одбере некоја душа слична на себе, со која ќе може да ужива во добро вино и разни специјалитети. Ако се омажите за Бик, вечно ќе се прилагодувате на неговиот испланиран и организиран живот. Тие сакаат средени девојки кои мирисаат убаво, нашминкани, со стил и добра гардероба. Ако имате некој килограм повеќе, тоа сигурно нема да им смета. Биковите сакаат жената а биде женствена и со облини.
Близнаци
Овој знак првенствено бара забавна партнерка која има смисла за хумор. На него му е потребно покрај својата избраничка да се чувствува полетно и да биде помлада од неговите години. Ако сте спремни за живот полн со разни промени и авантури, тој е за вас идеален партнер. Досадни разговори за обврските и финансиите не го возбудуваат нималку. Потребна му е насмеана жена, секогаш полна со оптимизам и детска наивност. Близнаците, како и овните повеќе сакаат слаби девојки, но немаат некој одреден тип, со оглед на тоа што сакаат да шараат малку, би пробале се.

Лав
Ако планирате да се омажите за лав, спремете се да бидете вечна публика. Него му е потребна жена која секогаш ќе има доволно внимание за него и неговите разни претстави. Некогаш се потешки од дете, константно треба да им угодувате со бројни ситници. Сепак, многу е галантен и великодушен, па од друга страна тука ќе ви надокнади. Него му треба емотивна партнерка која е топла, не сака ладни жени. Лавовите бираат атрактивни девојки, не им се непознати ни девојки со силикони или некои други вештачки дадатоци како нокти, коса и сл. Важно е да привлечете внимание на сите во неговото опкружување, за он да посака да ве освои, како трофеј.
Девица
Тој бара совршена жена без мани. Не се пронајдовте, зарем не? Заради тоа тие често остануваат сами. Ако баш сте се заинатиле а се омажите за него, тогаш ќе морате да бидете што поблиску до тоа да достигнете совршенство на неговата визија за идеална сопруга. Во тоа спаѓа секако и готвењето, пеглањето, средувањето во домот како и тоа да секогаш бидете чиста и уредна. Него му е поважно да имате урено исечени нокти, отколку да ја средите фризурата и да се нашминкате. Девиците не ги привлекуваат претерано наметливи партнерки, поубаво би одбрале слатка и харизматична, малку и срамежлива и секако склана градба на тело.

Вага
Во некои моменти ќе ви делува поисфеминизиран од вас, но тоа никогаш не го признавајте, ако сакате да биде среќен. Потребно му е да се воодушевувате од него, неговиот стил, неговата убавина. Неговата колекција паргеми секако ќе ги засени вашите, тоа прифатете го уште на стартот. Вагата бара убаво воспитана, грациозна и женствена партнерка со манири. Него не му е поважно да имате стил отколку да знаете да готвите. Не го привлекуваат девојки што изгледаат ефтино, веќе оние кои имаат мерка во се. Кај неговата девојка се мора да биде на свое место, поважно му е складна граба на телото, отколку големи гради и задник.
Шкорпија
Да би ја задоволиле шкорпијата, потребно е да биете бескрајно маштовити, спремни за авантура, простување, но и секогаш заинтересирани за неговата омилена рекреација-секс. На него му е потребна жена која ќе умее да ги задоволи сите негови апетити. Многу е љубоморен и посесивен, но тоа не мора да го покажува отворено, па ќе морате а балансирате во разни ситуации. Тој не простува. Му се допаѓаат девојки кои се жешки, страствени и кои зрачат со посебна енергија. Него му поважна вашата харизма и сексипил, отколку физичкиот изглед.
Стрелец
На него му е потребна партнерка која во секој момент ќе има доволно толеранција и разбирање и покрај која секогаш ќе има слобода и разбирање. Љубомората заборавете ја. Никако немој да пробувате да контролирате со него или неговите одлуки, зошто тоа нема да ви го дозволи а и така најлесно ќе го оддалечите од себе. Во суштина, за него идеална партнерка е таа која може да биде покрај него кога му треба, но нема да му смета ако го живее својот живот како сака. Го привлекуваат високи долгоноги девојким со плава или светла коса.
Јарец
На него му потребно бескрајно стрплива партнерка. Ако било што планирате на брзина од него можете да избегате веднаш. Тој и за врска тешко се одлучува, а за камоли за брак. Ако сепак реши да се ожени, ќе мора да се вклопите во неговиот веќе добар и припремен животен план. Ќе морате секако да и се допаѓате и на неговата фамилија. Него му е најважно да ги поддржувате неговите амбиции и да имате разбирање за оние денови кога работата му е приоритет. Ако не ви смета вашиот маж никогаш да не покажува емоции и наклоност, за вас е идеален. Го привлекуваат послаби девојки, често и постари, со темна боја на коса или очи. Лесно ќе ги примети оние девојки со малку погруби црти на лицето, како голем нос и сл.
Водолија
Да би ве ценел како жена, тој прво мора да ве цени како свој машки пријател. Ако ве гледа само како девојка, брзо ќе го изгубите. Ќе ја ожени онаа која прво ќе му биде како пријател, но и доволно вешта да се прилагоди на неговиот авантуристички стил на живот. Потребна му е жена која ќе ги почитува неговите идеали и да се согласува со неговите уверувања. Прифатете го тоа дека секогаш повеќе ќе им помага на другите отколку на себе. Потребна му е жена со широки погледи на светот, некој необични, а не само некоја која ќе средува по дома и ќе пегла- како машката Девица на пример. Водолијата нема некој одреден тип на девојки, него го привлекува вашата насмевка и харизма.
Риби
Него му е потребна уметничка душа која ќе го разбере и со која секогаш ќе може да мечтае и да ги дели своите идеји. Ако пробате да го приземјите или да го вратите во реалност, нема да му бидете интересни. Не сака песимисти и ладни луѓе. Потребна му е жена која ќе верува во него и кога никој друг нема, која ќе го потикне да ги гаји своите уметнички амбиции. Потребна му е комплетна личност, која ќе му дава стабилност, но и доволно слобода да си оди. Ако покрај вас има се, секогаш ќе се врати. Он бара и жена која ќе биде добра мајка на своите деца, тоа и те како му е важно. Тие сакаат необични девојки, кои секогаш имаат нешто специфично на себе, со посебен стил на облекување и оригинален начин на размислување. Вашата душа му е поважна од вашето тело.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








