Намирници кои ќе ги зголемат шансите за забременување

 

Истражување направено на универзитетот Харвард, покажало дека неплодноста се намалува за 80%, ако жената има посебен режим на исхрана и ако промени некои нездрави животни навики.

Едно дневно мени би требало да содржи:

  • 1 оброк со спанаќ, блитва или млад кељ
  • 1 чаша сок од свеж зеленчук (или една салата од различен зеленчук)
  • 1 оброк богат со есенцијални масни киселини
  • 1 до 2 јајца дневно
  • Малку јаткасти плодови за грицкање
  • 1 до 2 чаши исечкано свежо овошје и житарици
  • Многу вода
  • Два пати неделно леќа
  • Три пати органско месо
  • Еднаш неделно црн дроб

Исто така се препорачува:

  • Јајца богати со витамин D и B12 и протеини
  • Јаткасти плодови и семки, кои содржат омега 3, витамин Е, протеини и цинк. Јадете ги сирови и тоа посебно
  • Месо – бирајте го месото од животните кои се одгледани во селски домаќинства
  • Од зеленчук бирајте: спанаќ, кељ, блитва и здрава зелка. По бојата на зеленчукот можете приближно да ја одредите количината на витамините. Црвениот и зелениот зеленчук е богат со витамин С, а портокаловиот со витамин А. Трудете се преку денот да јадете што е можно поразличен зеленчук за да внесете повеќе различни витамини
  • Од овошје јадете суви сливи, суво грозје, шипки, јагоди и боровници

 

Извор: Идивиди

 
 
04.02.2016 - 16:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега