Оваа храна ве прави депресивни

Ако сте депримирани без причина, тогаш посегнувате по грицки, слатки или чинијата со најмрсната храна што ја имате во фрижидер…
Нездравата храна, полна со соли, шеќери и маснотии, за момент ни помагаат да се чувствуваме добро и претставува утеха во моментот, но таа негативно влијае врз нашето физичко и ментално здравје. 18% од Американците веќе страдаат од анксиозност, а 7% од населението постаро од 18 години има дијагноза на клиничка депресија.
Не е потребно да имате дијагноза за да знаете дека некоја храна не е добра за вас, ако го следите организмот, ќе ги почувствувате симптомите што ви ги испраќа телото. Џејмс Генгвиш, професор по психијатрија на колумбискиот универзитет, истакнува дека храната со висок гликемиски индекс и онаа со многу јаглени хидрати, го зголемува шеќерот во крвта и на крај доведува до депресија.
„Кога бев дете, бев зависен од слатки. Забележав дека ако јадам многу шеќер, следниот ден се чувствувам многу лошо“, вели д-р Генгвиш, кој цел живот истражува за влијанието на храната врз нашето здравје.
Ако се храните нездраво долг временски период, вашето тело нема да може навреме да ви испраќа сигнали кога нешто не е во ред. Некоја храна е направена за брзо време да го подигне шеќерот во крвта, но така ви паѓа расположението, а подоцна чувствувате празнина. После ова, треба да обрнете внимание на раздразливоста, измореноста и несоницата, кои сигурно водат кон депресија.
Намирниците што не прават депресивни се: шеќер, вештачки засладувачи, алкохол, кофеин, хидрогенизирани масти, брза храна, транс масти, храна богата со сол. Храната што може да ја зголеми анксиозноста е: пченични снегулки, тофу, кафе, леб и пециво од интегрални житарици, храна од конзерва, сок од јаболко и црно вино.
Сета оваа храна ги зголемува воспалителните процеси во телото, а може да доведат и до кардиоваскуларни и автоимуни болести. Долготрајната исхрана со вакви намирници се поврзува со инсулинска резистенција, дијабетес, когнитивни дефицити, проблеми со концентрација, меморија, итн.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









