Доживотна стипендија од Скендеровски за малиот Јован кој не покори со својата хуманост

 

Осум  годишниот Јован Дукмеџиев ја воодушеви јавноста со хуманиот гест. Малиот Јован неколку часа свиреше гитара на скопскиот плоштад за да собере пари за помош на малата Ели, која боледува од ретка болест.

Хуманите акорди на 8 годишниот Јован Дукмеџиев од Скопје допреа до граѓаните.

Прво изненадени а потоа и воодушевени од несекојдневниот уметнички перформанс кој го подготви ова младо момче, со цел да собере пари за лекување на малата Ели, донираа и тие.
За помалку од час и половина Јован успеал да собере повеќе од 8.000 денари. Вели дека не му е прв пат да учествува во хуманитарни акции.

Токму поради овој гест на Јован, композиторот и сопственик на музичкото студио „Ентерпрајз“,Валентино Скендеровски, му додели доживотна стипендија со која во иднина ќе може да го кали својот талент.

Сите заинтересирани кои сакаат да помогнат на малата Ели да ги собере потребните средства за лекување во Америка може да донираат на телефонските броеви или пак на сметките за донации.

ТЕЛЕКОМ 070/143-111
VIP 077/143-775
ONE 075/143-114
Сметка за Ели:

Елена Додевска
-Денарска
300001000024155    – Комерцијална банка

-Девизна
Dodevska Elena
IBAN: MK07300307063080823
BIC/SWIFT CODE: KOBSMK2X

 
 
04.02.2016 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега