ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Од увото и извадиле повеќе од 1.000 мравки

 

Шреја Дарји наизглед е обично девојче од Индија. Но, кога ќе чуете дека лекарите од нејзините уши досега извадиле повеќе од 1.000 мравки, ќе ви биде јасно дека таа е се, само не обична.

Кога првпат отишла на лекар, мислела дека има инфекција на увото. Но, се испоставило дека во него има цело мравјо гнездо. Нејзините родители велат дека од нејзиното уво дневно излегуваат по 10 мравки, а лекарите утврдиле дека тие влегуваат во увото за да се размножуваат.

- Ги направивме сите можни испитувања вклучувајќи и МРИ и ЦТ и се е во ред, изјави доктор Јавахар Талсаниа, специјалист за уво, нос и грло.

- Во нејзините уши нема ништо абнормално. Мравките не и предизвикуваат болка иако ја бодат,а на тапанчињата не се пронајдени оштетувања. Нејзината фамилија живее во здраво опчружување, па не можеме да ги обвиниме нивните услови за живот. Вакво нешто досега не сме виделе, објасни доктор Јавахар, пишува британски Мирор.

Лекарите објавиле снимка од едно чистење, но погледнете само ако не сте чуствителни на вакви глетки.

 
 
04.02.2016 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега