ВИДЕО: Ако имате помалку од 40 години би можеле да бидете бесмртни

Сите кои имаат помалку од 40 години можат да се надеваат дека ќе станат бесмртни, тврди футурологот др. Иан Пирсон.
Тој и неговите колеги веруваат дека човекот ќе еволуира во нов вид која го нарекуваат Хомо Оптимус.
Карактеристиката на тој вид ќе биде комбинација на технологијата и човековиот организмот, односно спојување на човекот и технолошките достигнување во едно суштество.
- Со оптимизирани гени и тела се подобрени врски со технологијата, луѓето би можеле да бидат поубави, поинтелигентни, емоционално пософистицирани, физички посилни, посоцијализирани, значително поздрави и по среќни, тврди Пирсон.
Бесмртноста ќе се овозможи со сладирање на нашите мисли и искуства со посебен вид на технологија и пренос во ново андроидно тело.
Пирсон смета дека нашата еволуција повеќе не е ограничена со природата, туку дека сега можеме да влијаеме на човештвото со сопствените технолошки откритија.
Иако ваквото тврдење звучи како од научно-фантастичен филм, Пирсон е уверен дека сето тоа ќе се оствари до 2050 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









