5 сигурни знаци дека ве лаже партнерот

 

Нема потреба да истражувате и глумите детектив, доволно е само да ги препознаете следните 5 знаци кои укажуваат дека вашиот драг крие нешто од вас, пишува Космополитан

НЕВЕРБАЛНИ ЗНАЦИ

Говорот на телото никогаш не лаже, дури 93% од комуникацијата е од невербален тип. Ако тој не ве гледа во лице, секогаш си го допира лицето (најчесто носот) или пробува да ги контролира нервозните тикови, треба да знаете дека нешто крие. Ако нешто крие неговото срце ќе бие забрзано, а може и да почне претерано да се поти.

СЕКОГАШ МЕНУВА ПРИКАЗНИ

Тоа поготово се однесува на оние кои почнуваат нов однос. Кога ви кажува за своето детство или младост, дали се сите приказни исти? Некои ги учат на памет, но ако ги прашате да кажат интересни детали, тогаш мораат да импровизираат. Ако мислите дека не ви ја кажал целата вистина, тогаш пробајте со ова: кога ќе се најете во друштво со пријателите, натерајте го да раксаже приказна која ја знаете уште една, а вие обратете внимание на текот на истата и деталите.

НЕПРИЈАТНО МУ Е И ЗАПОЧНУВА БОРБА ОД ВЕДРО НЕБО

Според истражувањето на Џејн Греј причината зошто станува вулгарен и навредлив е тоа да проба да ве одвлече од трагата на лагите. . Вие барате однесување кое отстапува од нормално, а тој секогаш е спремен за борба. Тоа не мора да биде знак дека лаже, но ако е обично опуштен па наеднаш стане агресивен, на тој начин пробува да ви сокрие нешто.

СЕ ОДНЕСУВА РАЗЛИЧНО

Сексуалниот советник Марија Мерлони советува да обратите внимание на промената во секојдневните навики. Ако одеднаш излегува навечер или преку викенд се дружи со “пријателите“, а пред тоа не го правен тоа, или пак станува параноично опседнат со својот телефон, кој го носи дури и во купатило- знак е за загриженост.

ДОСТА МОЛЧЕЊЕ, НЕКА ЗБОРИ

Ако се сомневате дека ве изневерува, значи дека меѓу вас нема доверба. Њушкањето може да ја отежни ситуацијата, а партнерите поради тоа можат во потполност да престанат да веруваат во себе. Наместо тоа, јасно кажете му дека се сомневате и дека сте во искушение да го проверите неговиот телефон, али дека поубаво би слушнале објаснување од него. 

 

 

 
 
04.02.2016 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега