Како да препознаете дали сте со психопат во врска?
Проблемот со лошите врски и емоционалните злоставувачи е и фактот дека често сигналите ги препознаваме кај другите но кога е во прашање нашата врска како да сме слепи. Проверте дали препознавате некои од овие симптоми во вашата врска и односот со партнерот /пертнерката, а ако сето ова ви делува нормално дефинитивно се наоѓате во нездрава врска.
Ретко кој сака да си го признае тоа, а колку подолго трае врската толку е потешко да се сфати дека некои работи едноставно не се во ред.
Ова се знаци дека сте во врска со психопат, Раскинете на време:
1. Често ве понижува пред другите, онака на шега.
2. Секојдневно ве критикува и повторува дека што правите е погрешно.
3. Ве игнорира и исклучува кога тоа му одговора.
4. Се однесува непримерно кога се во прашање другите жени /мажи.
5. Константно е саркастичен и тоа веќе не е симпатично *има двојни стандарди – вас ви приговара за истите работи за кои него не смее да му се приговара.
6. Неоправдано е љубоморен.
7. Има нагли промени на расположението.
8. Емоционално ве уценува за да добие што сака.
9. Ви наметнува грижа на совест ако посакате време за себе.

Извор: Курир
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа










