Илиоски: СДСМ ги кочи сите позитивни процеси во Македонија

 

Ова е уште еден доказ за деструктивната политика која што СДСМ во изминатиов период ја води во нашата држава. Откако пробаа секакви активности и откако со секакви методи се обидоа да се изборат за предвремени избори, сега кога ги добија, тие бегаат, изјави денеска Зоран Илиоски, заменик координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Истото се случува и со Законот за оформување на нов универзитет. Сами признаваат дека го блокираат овој закон, а сето тоа во интерес за да не се оформи нов универзитет, вели Илиоски.

-Универзитет кој што ќе овозможи нови простори за учење на нашите студенти, универзитет кој што ќе овозможи конкурентност и кој што ќе биде за добробит на Република Македонија.  Со поднесувањето на над 950 амандмани и со самата прес конференција која што пред малку ја држеше Координаторот на Пратеничката група на СДСМ, Сугарески, јавно признаа дека ги кочат сите позитивни процеси во Република Македонија, заклучи Илиоски.

 
 
03.02.2016 - 17:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега