СЕКОЈА ЧЕСТ: Хумано дете со гитара на плоштад собира донации за малата Ели

На социјалните мрежи осамна фотографија на која се гледа како хумано дете собира пари за малата Ели. Ова дете среде плоштад со својот инструмен успеа да собере 8.700 денари. Секоја чест за ова прекрасно дете кое треба да биде пример за сите генерации.
Малата Ели боледува од тешката и ретка болест аганглионарен мегаколон.
Како што пренесува Телеграф.мк, Фондот за здравство одобри малата Ели да остане во болницата во САД уште 16 дена на државна сметка, но и покрај ова не значи дека на малото девојче не и се потребни донации.
Можете да донирате на овие броеви
070 143 111
077 143 775
075 143 114
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









