Ахмети: Избори на 24 април

Денес во Скопје, Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска во Скопје се сретна со Мајкл Рот, државен министер во Министерството за надворешни работи на Германија и со германската амбасадорка, Кристин Алтхаузер.
Ахмети и Рот разговарале за тоа, што остануваат од Договор од Пржино за да се спроведе, за предвремените парламентарни избори какои, за евроатлантската интеграција и за нпрашањето за името.
„Ахмети го информираше Рот за улогата на ДУИ и на нашата посветеност за постигнување и спроведувањето на договорот од Скопје и очекувањата на ДУИ да се почитува овој документ во целост, вклучувајќи го и денот за одржување на изборите. Консензуалниот Изборен законик беше изгласан во ноември минатата година од страна на 104 пратеници. Овој код, ги вклучува членовите 78, 82 и 83 кои го одредуваат датумот на изборите на 24 април 2016 година, поддржан од страна на ДУИ, ДПА, СДСМ и ВМРО. Ахмети изрази уверување дека изборите ќе бидат веродостојни, фер и демократски и во согласност со отчекувањата на меѓународната заедница, но политичките партии не треба да ја пречат работата на институциите одговорни за спроведување на изборите“, се наведува во соопштението од ДУИ.
Во врска со прашањето за името, Ахмети ја истакнал потребата за меѓународна помош во надминувањето на спорот, кој ја кочи интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









