Стаклениот ранч на познатиот глумец ќе ве остави без здив

Лиам Хемсфорт заработи поприлично голема сума на пари играјќи главна улога во филмот Игра на гладните, а тоа може и да се види по неговиот луксузен и ексцентричен имот. Станува збор за стаклениот ранч на Лиам кој чини 6,8 милиони долари.

Ранчот е направен во стил на куќите од 50-тите години, со тоа што предниот е целиот со стакло. Она што на оваа куќа и дава шарм се убавите дрвени подови.

Големите стаклени ѕидови прозори, се тие што овој ранч го прават единствен. Тие целата куќа ја поврзуваат со природата, па кога седите во дневната соба, имате чувство како да сте на отворено.

Со големите стаклени ѕидови лесно се управува зошто се поврзани да далечински управувач.

Стаклениот ранч е сместен на Малибу, Калифорнија и по својот изглед се издвојува од другите куќи.
Оваа куќа има три огромни спални и три купатила, дневна соба, кујна, како и голем базен во дворот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









