КАКО ОД БАЈКА: Едно од најубавите села во светот

 

Андермат е село кое се наоѓа во Швајцарија, во кантоната Ури. Ова село има 1.393 жители. Околу 41 процент од територијата на ова село е земјоделско земјиште, пет проценти е шума, нешто помалку од 2 проценти се градби и улици, додека 52 проценти заземаат реките, глечерите и планините

Поради својата убавина многумина го сметаат за попристапна замена за ексклузивните зимски центри Сент Мориц и Гштад, со оглед на тоа што има две планини, Натшен и Гемсток

Египетскиот бизнисмен Самих Сивирис, преку својата корпорација, почна да работи на зголемување на сместувачките капацитети во ова преубаво место, со што се очекува уште повеќе да порасне бројот на туристи. Кога ќе завршат градежните работи, Андермат ќе има шест нови хотели, со по 4 и 5 звезди, околу 500 апартмани, 30 нови вили, голф терен со 18 дупки, нов рекреативен центар и два пати повеќе стази за скијање од моменталната бројка.

 
 
25.01.2016 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега