ФОТО: Ова е Оливија - седумгодишното девојче не чувствува болка и глад

 
Седумгодишната Оливија е отпорна на замор, болка и глад. Се верува дека е една во светот со таква ретка состојба.
 
Лекарите заклучиле дека нема хромозом 6. Ники Трепак, мајка на девојчето од Хадерсфилд, изјавила за Дејли Меил дека Оливија ја удрило кола и ја влечело по улица, а таа не почувствувала никаква болка.
 
- Викав јас, врескаа и нејзините другарчиња, а Оливија стана, дојде до мене и ме праша што се случува, - вели мајката.
 
Ударот бил силен и Оливија би можела да има сериозни повреди, но девојчето имало само мала гребнатина на прстот на ногата.
 
Лекарите велат дека преживеала затоа што не се исплашила или не ги затегнала мускулите. Ники изјавила дека нејзината ќерка престанала да спие во текот на денот кога имала само девет месеци. Косата не и растела нормално се додека не наполнила четири години.
 
- Не чувствува глад. Мора да зема лекови за да заспе. Еднаш си одгриза дел од усната и ништо не рече. Живее како и другите деца, само понекогаш има напади на бес, - вели Ники која има уште 4етири деца.
 
Според официјалните податоци од 15.000 состојби поврзани со нарушување на хромозомите, 100 биле поврзани со недостаток на хромозомот 6. Но, сите во таа состојба ги немаат истите симптоми како Оливија.
 
 
25.01.2016 - 11:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега