Повеќе скопски населби утре без струја
![]()
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје ги известува граѓаните дека утре неколку скопски населби ќе останат без снабдување со електрична енергија.
Во период од 08:30 до 11:00 часот корисниците од улицата Пеју Јаворовиќ во општина Кисела Вода, а во период од 09:30 до 15:30 корисниците од улицата Виетнамска во општина Шуто Оризари, улицата Шидска – дуќани Розмаер, Агротехна и 5 други во Ѓорче Петров и корисниците од селото Копаница во Сарај ќе бидат без електрична енергија.
ФОТО: Мтв









