Пет начини како да заштедите во домаќинството

 

Пет одлични начини за употреба на омекнувач кои никогаш не ви паднале на памет.

Дали сте знаеле дека омекнувачот за облека освен што ја прави мека и удобна, во домаќинството може да се користи и за други потреби.

1. Му дава свежина и пријатен мирис на вашиот дом.

Ако не сакате да трошите пари на освежувачи на воздух, тоа можете да го направите сами. Во шише помешајте вода со омекнувач и нанесете на завесите, теписите, дури можете да испрскате во вашиот автомобил.

2. Го отстранува електрицитетот.

За да го спречите електрицитетот на вашиот телевизор и другите пластични површини од домот, нанесете неколку капки омекнувач на крпа и пребришете ги. Така ќе го спречите настанувањето на електрицитет кој привлекува прашина и ќе имате чист и миризлив намештај.

3. На мазните површини дајте им совршен сјај.

Сакате средство за читење кое на мазните површини ќе им даде совршен сјај, помешајте чашка омекнувач и 4 чашки вода во шише со прскалка. Пребришете ги стаклените површини, туш кабината, и другите мазни површини и потоа пребришете ги со сува крпа.

4. Олеснува симнување стари тапети.

Ви олеснува во отстранување на тапетите од ѕидот. Направите мешавина од едно капаче омекшивач и четири чашки вода. Со сунѓер пребришете ги тапетите и оставете ги 20-30 минути. Потоа можете лесно да ги отстраните од ѕидот.
 
5. Ги омекнува четките за боење.

Четките ќе бидат по меки после употреба, исперете ги во вода каде има неколку капки омекнувач. Бидете сигурни дека во следната употреба нема да бидат тврди и крути.
 

 
 
18.01.2016 - 09:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега