Зошто бебињата го цицаат палецот?

 

Повеќето бебиња почнуваат да го цицаат палецот уште додека се во стомакот на мајката, а тоа продолжуваат да го прават и по раѓањето. Цицањето на палецот им помага на бебињата да се смират, да се опуштат и мирно да спијат.

По 16 недели поминати во мајчината утроба, фетусот е способен да цица палец. Дури и 80% од доенчињата го прават тоа. По втората година 40% од децата продолжуваат со цицање, а до петтата година нивниот процент се намалува на 10%. Цицањето на палецот значи правилен психо-моторен развој на бебето, бидејќи е резултат на нормално созревање. Значи, детето на овој начин покажува дека не постојат никакви пречни во развојот.

Сепак, цицањето на палецот или друг прст во раното детство е знак на правилен развој, но ако трае предолго е поврзано со чувство на несигурност, немир, досада или желба за сон.

 
 
25.12.2015 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега