Моќна течност го топи салото и го забрзува метаболизмот

Ако сакате да изгубите некој килограм и да го подобрите здравјето, не е лошо при рака да имате јаболков оцет.
Научното истражување објавено во Journal of Functional Foods покажа дека мала количина на јаболков оцет, пред оброк, може да го намали нивото на шеќер во крвта.
Испитаниците кои пред јадење пиеле лажица јаболков оцет растворен во 220 ml вода, во крвта имале пониско ниво на глукоза, во споредба со лицата кои не го конзумирале овој напиток.
Оцетот помага во разложувањето на скробот и е совршен во комбинација со диета. Сепак не очекувајте чуда, резултатот е видлив по неколку месеци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









