Дара Бубамара во солзи раскажа за смртта на својот близок

 

Пејачката Дара Бубамара не може да ја прежали смртта на својот прв братучед Филип Вилотијевиќ. Тој е убиен на 3 октомври, пренесуваат српските медиуми.

„Беше петок, работев и се вратив во хотелот по настап. Ми стигна порака од кумата ’Филип вечерва настрада’. Бев во шок. Буквално занемев. Одма помислив на тетка ми Лилјана, која го погреба сопругот, а сега и синот“, изјави пејачката.

„Никогаш нема да го заборавам. Филип и јас бевме многу блиски, бев негова постара сестра, а тој мој миленик. Секогаш доаѓаше на моите настапи со друштво. Беше убав и млад. Греота е некој да замине на 25 години“, во солзи раскажува пејачката и додаде дека нејзиниот братучед последно го видела месец дена пред смртта.

 
 
29.10.2015 - 22:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега