ВИДЕО: Што ли си мислеше: Мајка со миксер му прави сапуница на своето бебе

 

Секоја мајка го наоѓа начинот на кој нејзиното дете ќе се забавува. Видеата поставени на Јутјуб добиваат бројни позитивни коментари. Но не и видеото на оваа мајка.

Видео од мајка која употребува електричен миксер за да прави пена во бањата на своето дете предизвика бурни реакции и жестока дебата.

Верувале или не, мајката употребува електричен миксер за да креира пена и меурчиња додека нејзиното дете Макс игра на песната „Bubble Butt“.

Мислењата се поделени во поглед на безбедноста на детето. Некои тврдат дека електричниот миксер во бањата може да предизвика струен удар на детето, а други тврдат дека миксерот кој бил употребуван бил дизајниран специјално за течности и двојно заштитен.

Сепак, дури и во случај миксерот да е заштитен, тој е вклучен во струја!

Што можело да се случи, не сакаме ни да претпоставиме.

 
 
29.10.2015 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега