ФОТО: Нарачал мобилен телефон преку интернет, а добил...

Кога момчето го уплатило договорениот износ наместо нарачаниот телефон неговата поштенска пратка била едно големо непријатно изненадување.
Хрватска полиција уапси еден 29 годишен маж од Хрватска бидејќи на почетокот на септември сторил казнено дело измама на штета на 25 годишен маж од Жупања, Хрватска.
Имено момчето од Жупања сакало преку интернет да купи мобилен телефон од неколку илјади тамошни куни, меѓутоа не знаел дека продавачот е измамник.
Тој го уплатил договорениот износ, но подоцна во пратката која ја преземал наместо мобилен телефон добил кутија изгорени чкорчиња.

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









