Непреболена болка од детството - Дино Мерлин проговори за својот татко

Легендарниот Дино Мерлин за српскиот портал Story се отвори за својот живот.
На прашањето дали некогаш му прости на својот татко што го напуштил него и неговата мајка, пејачот одговара:
„Тоа е стара, но важна приказна која ја раскажувам само кога ме прашуваат. Ретко размислувам за мојот татко, бидејќи во животот имав доста време да се прашувам и мислам за него. Му простив, но не заборавив, но не сакам да се сеќавам бидејќи тоа е зад мене, во далечното минато. Не сакам да гледам во ретровизор бидејќи така тешко ми е да возам напред, така да само повремено фрлам поглед на она што помина и што нема да може да се врати и подобро е така. Во животот се трудам да бидам добар татко за моите деца и се надевам дека сум успешен во тоа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









