Прегледајте се - еве што значи честото мокрење

Мажите во овој период од годината имаат изразени проблеми со воспаление на бешиката и простата.
Уринарната инфекција може да биде асимптоматска, без карактеристичните проблеми, а некогаш симптом може да биде и појава на неконтролирано мокрење. Кај воспалени бубрези како симптоми се јавуваат зголемена телесна температура, болка во слабината, а анализите откриваат и зголемено присуство на леукоцити во урината.
Ако се јави зачестено мокрење во мали количини, повремено присуство на крв, итни нагони и болка по завршувањето со мокрењето, најверојатно станува збор за воспаление на бешиката.
Сепак ви препорачуваме да се консултирате со доктор специјалист.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









