Ако ги грицкате ноктите ова е одлична вест за вас

 

Припаѓате ли и вие во кошот луѓе кои ги грицкаат ноктите или пак имаат навика да ја гризат усната? Според најновите истражувања, ова не мора да е повеќе негативна вест бидејќи резултатите покажале дека овие навики кои се сметаа за лоши, всушност се производ на една наша особина-перфекционизмот.

Медицинското истражување спроведено во Монтреал, компулзивните навики кои ги имаме како гризање на усните или пак ноктите, говорат дека луѓето кои ги имаат се перфекционисти по природа. Тоа се луѓе кои најчесто сакаат нештата да ги завршат пред другите, секако во најдобар ред и најдобро што можат.

Испитаниците биле ставани во различни стресни, работни, проблматични задачи и се покажало дека токму оние кои тежнеат кон перфекционизам, несвесно си ги грицкале ноктите.

 

 

Оцени ја веста

20.10.2015 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега