Конечно откриено зошто се разболуваме од сезонски грип

Сезоната на грип е факт, но до неодамна, никој не знаеше зошто. Одговорот стои во различните патишта на разменување на бактерии помеѓу луѓето.
Сезоната на грип пристигнува очекувано и зафаќа многумина од нас, а научниците не знаеа зошто ладното време помага бактериите да се шират, пишува BBC.
Конечно по долги години испитувања, научниците тврдат дека сезонскиот грип се појавува бидејќи кивавицата се задржува во воздухот.
Иако веќе сме прележале сезонски вирус, тој толку брзо се менува што антителата кои се градат во телото веќе не го распознаваат новит вирус, па затоа имунитетот се намалува.
Според научниците причината за фаќање на грип е невидлива, односно се наоѓа во воздухот кој го дишиме. Благодарение на законите за термодинамика, ладниот воздух може да носи помалку водена пареа пред да падне како дожд. Така додека времето надвор изгледа посвежо, воздухот ја губи влажноста, а тие суви услови создаваат совршена атмосфера за да се шири вирусот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









