Помешајте сол и шеќер пред да одите на спиење: Ефектот е неверојатен!

 

Шеќерот и солта можеби изгледаат како необична комбинација, но ако патите од несоница, оваа идеја многу ќе ви се допадне.

Знаете дека консумирањето на сол и шеќер во големи количини е лошо за целокупното здравје. Но ако умерено ги консумирате, можете да постигнете одлични резултати.

Предностите од користењето на оваа мешавина се многубројни: го зајакнува имунитетот, ја лечи главоболката, помага при несоница, го подигнува нивото на енергија, го зголемува нивото на серотонин и електролити и делува против стрес.

Потребно ви е: 

– 1 лажичка нерафинирана морска сол

– 5 лажички кафеав шеќер

Подготовка:

Односот меѓу солта и шеќерот треба да биде 1:5. Помешајте ги двете состојки и ставете ги во стерилизирана стаклена тегла.

Начин на консумирање:

Пред да одите да спиете или во текот на ноќта, земете мала количина од мешавината и ставете ја под јазик. Почекајте да се стопи.

Натриумот во солта овозможува клетките правилно да дишат и произведуваат енергија, а шеќерот и глукозата се сигурен извор на енергија за клетките. Исто така, и двете состојки се моќни во борбата против стресот кој му штети на вашиот метаболизам. Во случај да патите од несоница, останувате до доцна во ноќта и не можете да заспиете, комбинацијата на сол и шеќер е идеална за вас.

 

 

Оцени ја веста

16.10.2015 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега