Сакате да добиете лото? Не ги заокружувајте родендените на блиските

 

Играњето на лото кое се состои од комбинации од датумот на раѓање, јубилејот или годишнината, ја намалува можноста за добивање на премијата.

Според истражувањето кое го објавија научниците од универзитетите во Ротердам, Амстердам и Економскиот факултет во Нотингем, е потврдено дека таквите комбинации ги прават најголем дел од луѓето кои редовно уплаќаат лото ливче.

Статистички поголема е веројатноста дека повеќе луѓе ќе ја добијат премијата ако сите играат на комбинација која се состои од 30/31 ден или 12 месеци. Што повеќе луѓе играат со иста логика, реално ќе добијат помалку пари ако ја освојат премијата. 

Затоа бидете покреативни кога ќе ја играте оваа игра на среќа.

 

 

Оцени ја веста

15.10.2015 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега