Излечете го сезонскиот грип со оваа смеса

 

Во овој период од есента многумина се разболуваат. Лековитиот крем од банани е одлично природно средство против кашлица. Посебно дејствува кај деца, но и кај возрасни.

Ако вашето дете го боли грлото и кашла, направете му ја оваа смеса.

Се што ви е потребно е: две зрели банани, две лажици шеќер или мед и 400 ml врела вода.

Прво излупете ги бананите, па испасирајте ги со виљушка. Додајте шеќер и добро промешајте. Прелијте го со врелата вода, поклопете го и оставете го да одстои 30 минути. Ако користите мед наместо шеќер, додјте го на крајот, кога смесата ќе се излади. На крај смесата прецедете ја низ пластична цедалка (не морате ако не сакате).

Колицината на кремот е за една порција, а може да се јаде малку по малку во текот на денот. За брзо треба кашлицата да се намали.

Сепак ве советуваме и да посетите доктор.

 

 

Оцени ја веста

15.10.2015 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега