Откријте ја идеалната професија според хороскопскиот знак

 

Откријте која е вашата идеална професија според хороскопскиот знак.

Овен - припадниците во овој хороскопски знак успеваат во техничките и природните науки. Најчесто тие се истакнуваат во математика, физика и медицина, но и во социологија.

Лав - лавовите сакаат моќ, па така тие се успешни во право, медицина, медиуми, мода, сценската уметност, политика и спорт.

Стрелец - овие хороскопски знаци ќе направат кариера во земјоделство, туризам, дипломатија, трговија и спорт.

Бик - уметност, биологија, педагогија и економија се идеални полиња за градење на кариера на биковите.

Девица - тие се практични и конкретни, па најдобро се снаоѓаат во математика, физика, информатика, статистика, економија и социологија.

Јарец - припадниците во овој хороскопски знак се талентирани за книжевност, археологија, економија и управа.

Близнаци - нив ги интересира многу подрачја, а најмногу се снаоѓаат во математика, јазик, логика, психологија, педагогија, антропологија, право, односи со јавност, медиуми, дизајн и архитектура.

Вага - родени се за хуманистички дисциплини, па најмногу им одговара да се занимаваат со култура, право и политика.

Водолија - најчесто водолиите се наоѓаат на врвот за информатика, технологија и се што е поврзано со иновации и откритија.

Рак - раковите одлично се снаоѓаат во книжевност, лингвистика, филозофија, психологија, како и во медицина, шумарство и земјоделство.

Шкорпија - нив ги привлекува непознатот и опасното, па така градат кариери во медицинските области, инфектологија, хирургија, психијатрија, патологија и форензика.

Риби - тие се хуманитарци, филозофи, уметници, боеми, па најчесто ќе се вклопат во педагогија, социјална работа, медицина, фармација или теологија.

 

 

Оцени ја веста

14.10.2015 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега