Оваа храна ја зголемува плодноста

Менувањето на навиките во исхраната може да ја подобри плодноста. Прочитајте што велат експертите.
Не постои одреден вид на храна која со сигурност одредена личност ќе направи да биде плодна. Но навиките за јадење имаат нежно, а сепак силно дејство врз сите органи во телото, вклучувајќи го репродуктивниот систем.
Основи на добрата исхрана
-Доколку сакате да забремените, внимавајте да внесувате доволно количество на витамин Е. Добри извори се: цели зрна житарици, брокули, ореви, квасец, зелен лиснат зеленчук и соја.
-Витамин А - Добри извори се: брокули, зелка, кељ, карфиол.
-Витамин Ц - Добри извори се: брокули, зелка, кељ, карфиол, портокали.
-Витамин Д - Добри извори се млечни производи и лососот.
-Калциум - Добри извори се соја, брокули, млечни производи, лососот.
-Железо - Добар извор се зелен лиснат зеленчук.
-Цинк - Добар извори се квасец, семки, соја.
-Фолна киселина - Добар извор се зелен лиснат зеленчук, цели зрна житарици, квасец, соја, цитрусни плодови.
-Есенцијални масни киселини - Добар извор се растителните масла и рибата.
Најважното нешто кое треба да го знаете за витамините и минералите е дека тие најдобро се апсорбираат и се користат од страна на телото во нивната оригинална форма или во форма на храна, а не во форма на таблети или дополнување. Исто така, преку таблетите можно е да внесете прекумерни количини кои повеќе ќе наштетат, отколку да бидат од помош. Единствениот исклучок од ова правило е фолната киселина за жените кои треба да ја земаат во форма на таблетки или додаток на исхраната (800 микрограми дневно) доза со исхраната, бидејќи постои силна врска помеѓу фолната киселина и неутралните дефекти при раѓање.
Остатокот од текстот прочитајте го на најголемиот семеен портал во Република Македонија, Рингераја.мк
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









