Поставила слика од ултразвук, а под неа одговор на непосакуваните прашања

 

Постои ли жена која барем еднаш, ако не се омажила и има деца до 30. година, не слушнала „Кога ќе се мажиш?“ и „Кога ќе имаш дете?“. На Американката Емили Бингам, која е во среќен брак константното испитување кога таа и нејзиниот сопруг ќе имаат дете и здодеало, па на феноменален начин одлучила да им ги затне устите на сите кои го ставаат носот во работи кои апсолутно не треба да ги интересираат.

На младата Американка Емили Бингам и здодеало константно да слуша како другите ја прогонуваат со прашањата кога таа и нејзиниот сопруг ќе имаат дете. Па одлучила да им одговори еднаш засекогаш.

На својот Фејсбук профил објавила фотографија од ултразвук со бебе во стомак. Пријателите помислиле, конечно е бремена и кликнале на фотографијата, но кога почнале да го читаат текстот кој Емили го напишала во описот на фотографијата, останале без текст.

Еве што им порача Емили на сите кои ги интересира кога таа и нејзиниот сопруг ќе имаат дете.

- Здраво на сите!!! Сега кога го придобив вашето внимание со фотографија од ултразвук која ја преземав од Гугл, ова е само пријателски потсетник дека нечии репродуктивни и прокреативни планови и одлуки не треба да ве засегаат. ВАС НЕ ВЕ ЗАСЕГААТ! Пред да прашате млад брачен пар кога конечно ќе основаат семејство...пред да ги прашате родителите на единче кога ќе почнат да работат за братче или сестричка...пред да прашате личност во триесетите дали планира да се мажи и да има деца бидејќи биолошкиот часовник отчукува...едноставно застанете. Ве молам застанете.

Не знаете кој се бори со неплодност или имал спонтан абортус или има здравствени проблеми. Не знаете кој има проблеми во врската или е под голем стрес или се уште не е вистинското време. Не знаете кој се бори со тоа да има дете или да има уште деца. Не знаете кој одлучил дека сега не е време за тоа или дека никогаш нема да биде. Не знаете дали вашето на изглед „наивно“ прашање некој ќе повреди, ќе му нанесе болка, стрес или ќе го исфрустрира.

Нормално, кај некои луѓе тоа прашање нема да побуди никакви негативни чувства, но од сопственото и искуството на многу мои пријатели можам да ви кажам дека многу често е така.

Заклучок: Без разлика дали сакате да добиете внук/а или сте пријател или член на семејството со добри намери или љубопитен/на сосед/ка, тоа вас воопшто не ве засега. Прашајте некој што моментално го радува. Прашајте го кој му беше најубав дел од денот. Ако личноста сака да ви каже за нешто приватно како што се планови за деца, таа тоа сама ќе ви го каже. Ако сте љубопитни, пуштете личноста сама да реши кога и ако биде спремна да ви каже.

Објавата на Емили е добар потсетник на тоа дека родителството е една од најприватните теми, но многу култури кон тоа не се однесуваат така. Објавата до сега собра преку 23.000 лајкови и е споделена повеќе од 66.000 пати.

 

 

Оцени ја веста

05.10.2015 - 22:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега