Научниците со свои видувања за истребувањето на диносаурусите - две катастрофи ги уништиле

 

Астероид со пречник од 10 километри удрил во Јукатан, додека во Индија почнале вулкански ерупции и двете катастрофи довеле до истребување на најголемите копнени животни.

Комбинација на катастрофи – удар на астероид пропратен со голема вулканска ерупција на другиот крај од планетата – довела до истребување на диносаурусите, и другите животни пред 66 милиони години, тврдат научниците и другите суштества пред 66 милион години тврдат научниците. Научниците вчера соопштија дека со нова прецизност се одредени датумите на тие катастрофи.

Астероидот со пречник од 10 километри удрил во Јукатан, додека во Индија почнале вулкански ерупции. Тие две катастрофи довеле до тоа да прашината, пепелот и отровното испарување одат во воздухот, промената на климата убие околу 75% од сите видови на Земјата.

2

Научниците велат дека до ударот на астероидот дошло пред околу 66,04 милион години, плус минус 30.000 години. Ерупции во регионот Декан веќе постојат, но биле со помал интезитет, но по ударот на астероидот, дошло до нивно интензивирање.

Експертите процениле дека до интезивирањето дошло 50.000 години од ударот, пишува Ројтерс.

Со дозволена грешка, до нив дошло истовремено“, изјавил вулканологот Лојк Вандерклисен, од филаделфскиот универзитет Дрексел. „Овие два процеса заедно довеле до истребување“, додал геологот Пол Рене кој бил водач на студијата објавена во списанието Сајенс. Научниците веќе 35 години водат расправа на темата која од овие две катастрофи довела до истребување на видот.

3

„Сега е време да се престане со тоа. Очигледно е дека и двете катастрофи се случиле истовремено и дека и двете допринеле“, вели Рене. „Астероид со големина на Мехентен кој ја удри земјата со доволно трауматичен удар. Но по него следуваат најголемите вулкански ерупции кои Земјата ги видела за 60 милиони години. По нив поминале 4000 векови на промена на клима, зголемување на киселоста во океаните и киселиот дожд“, додал Вандерклисен.

Ерупцијата во Декан траела 420.000 години по астероидот и исфрлила доволно лава да го покрие САД со слој од 180 метри.

„Ние луѓето не би ни постоеле да диносаурусите не биделе истребени“, вели геофизичарот Марк Ричардс.

 

 

Оцени ја веста

02.10.2015 - 21:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега