Црно му се пишува на Кристијан Голубовиќ

По сите искази кои ги изнесе во реалното шоу Фарма, некогашното лошо момче, Кристијан Голубовиќ, Министерството за внатрешни работи на Србија чека одговор од обвинителството за започнување на постапка.
- Чекаме повратна информација од обвинителството што да правиме. Имаме разговори, ги земавме во предвид и тврдењата на Кристијан дали некој морал да убие или не, велат од српското МВР за Курир.рс.
За потсетување, кристијан во Фарма додека разговараше со Станија, откри шокантни податоци.
- Му пукав во нога, потоа сакав да се смирам, уште бев малолетен, но сакаа одмазда и не ми дозволуваа. Веско се обеси, другиот другар го убија за жена. Нема да го заборавам никогаш крикот на оние таканаречени мангупи на кои со чекан им ги кршен коските, рече тој.
Останува времето да покаже дали Кристијан ќе оди во затвор.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









