Одлични вести за Каролина Гочева

Неповторливата Каролина Гочева за прв пат во живо ќе го претстави проектот „Македонско девојче“ во престижната концертна сала „Коларац“ во Белград, на 7-ми ноември, во организација на Авалон продукција.
Станува збор за ексклузивен концерт, на кој белградските фанови на Каролина и медиумите ќе имаат единствена прилика во една вечер да ги слушнат повеќето песни од двата албума „Македонско девојче 1“ и „Македонско девојче 2“.
Оваа година, Каролина беше headliner на најголемиот музички фестивал во овој дел од Европа- „EXIT Festival“, како и гостинка на фестивалот „Балкан боеми“ во Банско, Бугарија.
Каролина ќе настапи со бенд, специјално оформен за овој проект, во состав од: Николче Мицевски (композитор, клавијатури, хармоника), Благојче Трајковски (кларинет), Благоја Антовски (тапани), Зоран Костадиновски и Владимир Чадиковски (гитара), Владимир Крстев (виолина), Мартин Јосифовски (бас гитара), а специјален гостин на концертот ќе биде виртуозот на труба, Џамбо Агушев.
Извор: Вистина
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









