НАСА открива: На Марс има вода во течна состојба
Научници на Американската вселенска агенција (НАСА) денеска соопштија дека на Марс има вода и тоа не само замрзната, туку и во течна состојба.
- Марс не е сува, неплодна планета како што некогаш мислевме, изјави на прес-конференција Џим Грин, директор за планетарна наука на НАСА, нагласувајќи дека на „црвената планета“ е пронајдена вода во течна состојба.
Станува збор за солена вода која тече во потоци низ кањоните и кратерите на Марс во тек на летниот период.
Долгите, темни дамки кои водата ги остава зад себе, се појавуваат во текот на најтоплите месеци на Марс, а исчезнуваат кога површинската температура ќе се намали во останатиот период од годината.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









