ОВА ЌЕ ВЕ РАСПЛАЧЕ: Цела ноќ седел до старецот кој умирал, а потоа се шокирал

 

Медицинска сестра го спровела натажениот човек до креветот во одделот за итна медицина. „Вашиот син е тука“, му кажа на постариот човек кој лежел на кревет. Морала повеќе пати да го повтори пред тој конечно да ги отвори очите. Под тешки седативи поради срцевиот удар, низ магла го здогледал човекот во униформа. Ја крена раката, мажот ја стисна неговата изнемоштена рака. Беше тоа допри полн со љубов и охрабрување.

Сестрата го приближила столчето за да мажот може да седне. Цела ноќ седел во слабо осветлената соба, го држел старецот за рака и му шепотел.

Од време на време, сестрата се обидуваше да го наговори мажот малку да се одмори. Не сакаше. Секој пат кога сестрата ќе поминела забележувала дека мажот воопшто не е свесен за звуците околу него- тропање на боците со кислород, оддалеченото смеење на дежурниот персонал, лелеците на другите пациенти. Повремено слушала како на старецот му зборува нежни зборови. Старецот нему проговори ниту еден збор на синот. Само го стискаше за раката.

Некаде пред изгрејсонцето, таткото починал. Синот ја пуштил раката и замина да и каже на сестрата. Додека сестрата го правеше тоа што треба да се направи, тој чекаше. Конечно, се вратила и во моментот сакала да му изрази сочувството на синот, мажот ја прекинал. „Можете ли да ми кажете кој беше тој човек?“.

Seattle: Hanging Out in the Hospital with Gramps

Сестрата застана за миг и одговори: Па вашиот татко.

„Не, не е, Го гледам прв пат во животот“, кажал тој.

Па зошто не кажавте кога ве однесов кај него, прашала сестрата.

„Веднаш знаев дека дојде до грешка. Но, исто така знаев дека на тој човек му беше потребен синот, а синот го немаше. Кога сфатив дека е премногу болен и дека не може да познае дали сум му синот или не, останав. Знаев дека му бев потребен. Јас всушност дојдов тука за да го известам Вилијам Греј дека синот му загинал во Ирак“, појаснил маринецот и прашал: Но, сепак можете ли да ми кажете како се вика овој господин.

-Вилијам Греј, низ солзи кажала сестрата.

 

 

Оцени ја веста

28.09.2015 - 18:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега