„Седум стари икони“ - промоција на нова песна од нашиот ангел Тоше

Новата песна на македонската музичка легенда, Тоше Проески, е насловена „Евта пуране иконе“ или „Седум стари икони“, испеана е на ромски јазик и премиерно ќе биде промовирана на 5 октомври.
„Годините поминуваат но, традицијата, верноста и посветеноста на фановите останува. И оваа година ве покануваме да бидете дел од настанот кој се одржува по осми пат во чест на последниот концерт на Тоше. Вашето присуство на годинешниот настан би ни причинило посебно задоволство. Ќе се запрашате зошто? Време е за нешто НОВО! Нови мелодии, нови ноти, нова љубовна приказна преточена во НОВА ПЕСНА која ќе биде уште еден доказ за неговата љубов и посветеност кон музиката“ – се вели во поканата на Фејсбук страната на Фан клубот на Тоше Проески, кој ја најави промоцијата на новата песна на македонската музичка икона.
Па, биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








