ФОТО: Андријана Јаневска со емотивен статус за своите родители

Денес моите родители слават 38 години брак. Јас им посакувам да дочекаат барем уште толку. Немаат банкарски сметки со милиони, но секој ден имаат милиони насмевки од внучињата.
Нема да остават недвижнини, но затоа создале движнини од крв и месо, среќни што растеле спокојно во семејство полно со слога и радост. Сократ рекол дека бракот е нешто поради кое човекот секогаш се кае, било да го склучил, било да не го склучил. Но, покрај 3 деца и 5 внуци, нема причина за каење. Всушност, тоа била нивната најдобра одлука.
Нека ви е среќна годишнината.
Со ваков емотивен статус пејачката Андријана Јаневска им ја честиташе годишнината од брак на своите родители.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









