Северина ја исфрлија од судницата - кој ќе го добие старателството?

 

Северина, познатата хрватска пејачка и нејзиниот поранешен вереник, кралот на бакарот-Милан Поповиќ, се судат поради изборот на градинка на нивното мало синче Александар. Според податоците на 24сата.хр, Милан кој бара сега неговото синче да живее со него, бил нападнат од адвокатот на Северина.

- На Александар му е добро. Има љубов, оди во градинка каде се плаќаат 3.000 куни. Има базен, соба, игралиште, учи на англсики. Детето има се што му е потребно и корисно, рекол адвокатот на Северина. 

Според податоците на хрватскиот портал, Северина била исфрлена од судницата, бидејќи, непримерно се однесувала и викала по поранешниот вереник.

Инаку, двајцата се тужат за старателство, асудењето е затворено за очите на јавноста.

 

 

Оцени ја веста

25.09.2015 - 09:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега