Поучна приказна: Научете да бидете среќни со тоа што го имате

 

Прочитајте ја оваа интересна приказна за гавранот. Носи многу важна порака.

Еден гавран живеел во шума и бил потполно задоволен од својот живот. Еден ден тој здогледа лебед. „Овој лебед е многу бел“, помисли гавранот, „а јас сум црн“. „Тој мора да е најсреќната птица на светот“.

Гавранот ја сподели својата мисла со лебедот. „Јас мислев дека сум најсреќна птица се додека не видов папагал, тој има две бои и е перубав. Мислам дека папагалот е најсреќна птица“.

Тогаш гавранот отиде кај папагалот и тој му одговори: „Јас мислев дека сум среќен се додека не видов паун. Јас имам две бои а паунот има многу бои“.

Гавранот го посети паунот во зоолошката и веде дека многу луѓе се собираат и се восхитуваат на неговата убавина. Кога луѓето заминаа, гавранот му се приближи: „Пауне, ти си многу убав. Секој ден илјадници луѓе доаѓаат да те видат. Луѓето мене не ме сакаат. Мислам дека ти си најсреќната птица на светот“.

Паунот му одговори: „Јас секогаш мислев дека сум најубав и најсреќен на светот. Но поради мојата убавина јас сум заробен во оваа золошка“.

Тогаш гавранот сфатил дека тој е единствена птица која не е во кафез. Така гавранот остана среќен бидејќи може да лета каде сака.

 

 

Оцени ја веста

24.09.2015 - 20:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега