Во брак или не ова морате да го прочитате

Кимс Флорал на својот блог напиша приказна за својата сопруга, љубовница, за разводот и за неочекуваниот пресврт кој ќе ве расплаче
Приказната ви ја пренесуваме во целост:
- Кога дојдов таа вечер дома, сопругата ја сервираше вечерата, ја држев за рака и реков „Имам нешто да ти кажам“. Таа седеше и тивко вечераше. Повотрно и ја набљудував болката во нејзините очи. Одеднаш не знаев како да отворам уста, но морав да кажам дека размислувам за развод. Смирено ја посегнав темата. Не изгледаше како да и сметаат моите зборови, наместо да вика, таа тивко ми рече „Зошто“?.
Го одбегнував нејзиното прашање, а тоа ја направи лута. Го фрли сервисот на под и почна да вика „Ти не си човек“. Таа ноќ не разговаравме еден со друг. Таа плачеше. Знаев дека сакаше да дознае што се случува со нашиот брак, но тешко можев да и дадам одговор кој би ја задоволи; Го изгуби моето срце од Џејн. Не ја сакав повеќе, само ја сожалував. Со длабоко чуство на вина составив компомис за рзводот во кој пишуваше деа ќе ја добие нашата куќа, нашиот автомоби, и 30% од акциите од нашата фирма. Таа го виде документот и го искина на парчиња. Жената која со мене помина 10 години за мене беше странец. Ми беше жал за нејзиното изгубено време, ресурси, енергија но не можев да вратам се што и реков бијдеќи навистина ја сакав Џејн многу силно. Конечно почна многу силно да плаче, а тоа беше што го очекував да го видам. За мене нејзината болка беше една врста ослободување. Бев опседнат со идејата за развод веќе неколку недели, а сега беше ѕврста и јасна.
Утредента дојдов дома многу доцна и ја затекнав мојата жена како пишува нешто на масата. Ништо не вечерав и заминав веднаш на спиење и многу брзо заспав бидејќи имав „бурен“ ден со Џејн. Кога се разбудив, таа сеуште пишуваше. Не ми беше важно па се завртев и продолжив повторно да спијам. Утредента ми ги претстави своите услови за развод: не сакаше ништо од мене, но дека и е потребен еден месец до разводот. Ме замоли за тој месец да водиме нормален живот: нејзините единствени причини беа дека нашиот син во тој период имаше многу за учење, а таа не сакаше да го оптертуваме со нашиот развод.
Тоа ми беше прифатливо, но таа имаше уште нешто, ме замоли да се сетам како ја носев до спалната соба по венчавката и побара цел месец да ја носам од спалната соба до влезната врата на раце секое утро. мислев дека полудела, но ги прифатив овие необични барања поради мир во куќа.
И раскажав се на Џејн што побара мојата жена, а таа гласно се смееше и мислеше дека тоа е апсурдно. без оглед со кои трикови се обидува мора да се соочи со разводот, ми рече Џејн.
Мојата жена и јас немавме телесни контакти со оглед дека мојата намера беше експлицитно изразена. Кога ја изнесов од собата првиот ден, двајцата бевме многу несреќни. нашиот син ракоплескаше поради нас и викаше тато држи ја мама во раце. Неговите зборови ме заболеа. Од спалната соба низ дневната соба, а потоа до вратата одев повеќе од 10 метри заедно со неа во раце. Таа само ги затвори очите и рече: „Немој да му кажуваш на нашиот син за разводот. Климнав со главата и се почуствував малку вознемирено. Ја оставив пред вратата, таа замина на автобус, а јас возев за на работа.
Следниот ден и двајцата бевме опуштени. таа се потпра на моите гради и можев да и го почуствувам мирисот на нејзината блуза. Сфатив дека долго време не сум ја здогледал својата жена. Повеќе не беше млада, имаше фини брчки на лицето, а косата и побелела. Нашиот брак го зема својот данок. На момент се запрашав што сум и направил.
Четвртиот ден кога ја подигнав почуствував како да ни се врати интимноста. Оваа е жената која ги даде 10-те години од животот за мене. Пота петиот и шестиот ден сфатив дека интимноста се повеќе расте. Ништо не и зборував на Џејн за тоа. Стана се полесно и полесно да ја носам како месецот што минуваше можеби очајнував за овие секојдневни тренинзи.
Едно утро не знаеше што да облече, проба неколку фустани, но неможеше да го најде тој кој ќе и одговара. Тогаш возивна и рече: Сите мои фустани ми се големи. Одеднаш сфатив дека станала многу слаба, тоа беше причината што толку лесно ја носев. Одеднаш ми светна, таа ја криела болката и горчината во своето срце. несвесно ја помилував по главата. Нашиот син се појави во тој момент и рече: тато време е мама да ја носиш надвор. За него, да го гледа како својот татко секојдневно ја носи мама во раце, стана многу важен дел од неговиот жиивот.
Мојата сопруга му рече на синот да се доближи и го репгрна цврсто. Ја звртев главата на другата страна бидејќи се уплашив да не се предомислам во секој момент. Потоа ја земав во раце, а нејзината рака беше околу мојот врат. Цврсто го држев нејзиното тело исто како на денот на венчавката.
нејзниата тежина ме правеше тажен. Последниот ден кога ја носев едвај чекорев. Нашиот син отиде во училиште, јас ја држев цврсто и реков, не забележав дека во нашиот живот недостасувала интимноста. Отидов во канцеларија, загрижен излегов дури не го ни заклучив автомобилот. Се плашев дека на секое задоцнување ќе се прдомисалм. Се качував по скалите Џејн ја отвори вратата и реков жал ми е не се разведувам. Ме погледна и со раката ми го допре челото да не имаш грозница, ми рече... И ја тргнав раката од моето чело, жал ми е не сакам развод. мојот брачен живот бил досаден, веројатно поради тоа што не ги ценев деталите од нашиот живот, а не затоа што не се сакавме едн со друг. Сега сфаќам откако ја носев во својот дом на денот на венчавката требаше да ја чувам се додека смртта не не раздели. Ми сечинеше како Џејн одеднаш да се разбуди, ми удри шамар, а потаоа ја удри вартата и заплака. Се симнав доле и ја донесов. Во цвеќара нарачав букет за мојата жена, апродавачката ме праша што да напишам на картичката а јас се насмевнав и напишав , ќе го минувам со тебе секое утро додека смртта не не раздели.
КОга тргнав накј дома со букетот во раце, насмеан со трчање ги кажував скалите и се плашев само да не ја затекнам мојата сопруга во креветот-мртва. Мојата сопруга се борела со месеци со ракот, а јас бев толку зафатен со Џејн што тоа не го приметував. Знаела дека наскоро ќе умре и сакаше да ме спаси од сите негативни реакции од нашиот син за во случај ако дознаеше за разводот, барем во неговите очи излегов сакан сопруг.
Заклучок од оваа емотивна исповед: Најдете време да бидете пријател со вашата сопруга, ценете ги малите работи бидејќи тие го прават животот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









