Што мислите, што е подобро брзо одење или трчање?

 

Сте размислувале ли некогаш што е подобро - брзо одење или трчање? Заклучокот е...

Секако дека секоја активност е добра за телото, а одговорот што е подобро зависи од тоа што сакате да постигнете.

Доколку сакате да изгубите килограми, трчањето е секако подобра опција бидејќи побрзо ќе ги добиете посакуваните резултати, но и полесно.

Од друга страна, според истражувањата, од брзо одење се добиваат подобри здравствени резултати, поготово кога е во прашање крвниот притисок. Овој вид на активност се препорачува на лицата кои имаат проблеми со зглобовите, колената и колковите, не само поради помалиот притисок, туку и поради тоа што мускулите кои се развиваат преку одењето помагаат во смалување на маките на тие места.

Сепак, што и да одберете нема да погрешите.

 

 

Оцени ја веста

17.09.2015 - 22:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега