Аца Лукас во тешка состојба - смее да оди само во тоалет

Фолкерот Аца Лукас поради повреда на грбот вчера беше одведен во болница.
„Моментално трпам јаки болки. Докторот ми рече дека нема веќе да учествува во мојата негрижа за сопственото здравје. Живеам многу брзо, настапувам често и последиците ги трпи моето здравје. Докторот ми рече дека мора да мирувам бидејќи е ризично. Мора да бирам - мирување или трајно нарушено здравје. И така 20 дена. Смеам само да станам до купатило“, изјави Лукас за српска телевизија.
Пејачот има дискус хернија, па вчера се шокираа неговите фанови кога дознаа дека тој ги откажа настапите.
Оцени ја веста
15.09.2015 - 14:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









