ФОТО: Ќерката на починатиот актер со емотивен статус за неговиот роденден
Пол Вокер во саботата ќе наполнеше 42 години. По тој повод неговата ќерка Медоу (16) објави емотивен статус и фотографија на која како детенце позира со татка си.

- Сеќавајќи се на својот татко почнав да се присетувам на неговите страсти. Неговата страст кон океанот, спасување на животните, помагање на луѓето, спонтаната добра волја. Сакам да ја основам оваа фондација затоа што сакам да го споделам тој дел од неговата личност со остатокот од светот, напиша таа и додаде:
Неверојатно сум горда што ќе ја лансирам „Фондацијата Пол Вокер“ на неговиот роденден. Нема подобар начин да го прославам животот на својот татко.
Познатиот актер од Брзи и бесни почина во сообраќајна незгода во 2013 година на 40-годишна возраст и го зави Холивуд во црно.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









