Долго се зборуваше за нејзиниот љубовен живот - се дозна вистината за македонската фолкерка

Анета Наковска сепак призна дека конечно го нашла принцот на својот живот. Имено, фолкерката која веќе извесен период е во врска со охриѓанецот Спиро, кој долги години живее во Америка, за роденденот од саканиот добила 101 роза, нешто што дефинитивно секоја жена би сакала да го доживее, па не е ни чудо што веднаш се пофали на социјалната мрежа Фејсбук.
„Неверојатно е чувството кога саканиот ќе ви направи вакво изненадување за роденденот, подарувајќи ми 101 ружа! Епа најмил мој, мажу мој љубен, утрово кога го добив букетов знаеш дека ми се насолзија очите, но не знаеш дека на денешниов ден посакав токму 101 роденден заедно двајцата да си славиме еден дааааалечен ден… Многу ти благодарам љубов за ова прекрасно изненадување. Да, јас си почекав подолго во животот, ама вредело се, бидејќи принцот си го дочекав”, стои во постот на Наковска.
Таа само пред неколку дена негираше дека е заљубена, а сега се растопи пред фановите.
Извор: Вечер
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









